Евротинк присуствуваше на 11-та Седница на лoкалниот совет за превенција во Општина Струмица

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

Евротинк – Центар за европски стратегии присуствуваше на 11-та Седница на Локалниот совет за превенција во Општина Струмица, кој се одржа на 22 февруари 2023 г. во Домот на АРМ во Струмица. Посетата беше дел од воспоставената соработка со цел обезбедување поддршка за подобрување на работата на ЛСП на општина Струмица. Порано годинава Евротинк потпиша Меморандум за соработка со општината.

На Седницата беа дискутирани неколку актуелни проблеми во општината: бесправна сеча и трговија на дрвја на подрачје на Општина Струмица, присуството на дрвосечачки машини на патиштата, инцидентите на труење на кучиња во Општина Струмица и присуството на диви продавачи на девизи т.н. „чејнџери“. 

Во претстојниот период Евротинк ќе биде во редовен контакт со раководителот на ЛСП, ќе даде советодавна поддршка, и ќе спроведе истражување на перцепциите на локалните жители за безбедносните проблеми во заедницата, кои ќе служат како насоки за работата на ЛСП.

Активностите се одвиваат во рамки на проектот „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка“ финансиран од програмата за мали грантови за демократија на Амбасадата на САД.

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа