LOADING

Type to search

Евротинк започнува со имплементација на проектот „Медиумите за ЕУ“- Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ

„Медиумите за ЕУ“ -- Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ „Медиумите за ЕУ“ -- Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Настани Ние & Јавност Процес на пристапување во ЕУ

Евротинк започнува со имплементација на проектот „Медиумите за ЕУ“- Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ

Share

Проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ (анг. Media 4 EU– Civil Society Program for the participation of media in North Macedonia’s EU membership negotiation) го спроведува „Евротинк“- Центар за европски стратегии во партнерство со АЛДА и БИРС во периодот од 01.03.2023 до 28.02.2026 година со поддршка од Европската Унија.

Основна цел на проектот е да се надградат медиумските капацитети за покривање, следење и испитување на преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Посебни цели:

  • Да се подобри амбиентот за учество на медиумите во процесот на преговори за членство во ЕУ
  • Да се зајакнат медиумските професионални капацитети на новинарите кои се од земји што не се членки на ЕУ, за регулативите, политиките и вредностите на ЕУ и да се подобрат можностите за младите новинари.
  • Да се создаде средина за активности за вмрежување со европските колеги и колеги од медиумскиот сектор, да се поддржи и подобри медиумската писменост и различноста на медиумскиот пејзаж

Проектот ќе отпочне со Почетен настан на 29 март, во 12 часот, во хотело Холидеј Ин. Целта на средбата е преку презентација на проектот да се поттикне соработката помеѓу медиумите, граѓанските организации и релевантните државни институции кои ќе работат во преговарачките процеси на земјата со релевантните институции од ЕУ, како и подобрување на квалитетот на информации и презентирање на состојбите и напредокот на Северна Македонија кон ЕУ за пошироката генерална јавност во државата.

Притоа, тимот на проектот ќе ги претстави основните елементи на проектот пред јавноста и ќе го најави повикот за соработка со медиумите и медиумските професионалци, со граѓанските институции како и шемата за грантови.

За значењето на медиумите и на ГО во преговарачкиот процес на Северна Македонија за членство во ЕУ свои обраќања ќе имаат Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Северна Македонија и Бојан Маричиќ, Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања.

Предвидени проектни активности во рамки на проектот, се следниве:

  • Истражување на јавното мислење за медиумскиот сектор поврзано со известувањето за ЕУ интеграции на Република Северна Македонија.
  • Обуки за медиумите за известување на интегративнниот процес на земјата во 8те плански региони
  • Менторска програма за млади новинари-практиканти.
  • Две Школи за европски политики
  • Активности за вмрежување на медиумите и новинарите од земјата со соодветни медиумски институции од државите членки на ЕУ (студиски посети, фокус групи и средби)
  • Грант шема за НВОи и медиуми од 8те плански региони за приближување на преговарачкиот процес на Република Северна Македонија со ЕУ до граѓаните и до нивните интереси.
  • Продукција на новинарски материјали за структурите на ЕУ; преговарачкиот процес на Република Северна Македонија со ЕУ; новата преговарачка методологија и сл.
  • Континуиирана комуникација со медиумската и со генералната публика за сите активности и аспекти на проектот кои се од интерес и важност за граѓаните.

Tags: