LOADING

Type to search

ЈАВЕН ПОВИК ЗА НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ ОБУКИ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

Настани Ние & Јавност Општина Бутел, отворена за младите

ЈАВЕН ПОВИК ЗА НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ ОБУКИ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

Share

OПИС НА ПРОЕКТОТ:

Граѓанската организација Евротинк – Центар за европски стратегии го имплементира проектот „Општина Бутел отворена за младите“, финансиран од Европската Унија во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ спроведуван од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА.

Општата цел на проектот е да придонесе кон овозможување и поттикнување на младинско учество во спроведувањето на локалните младински политики и во носењето одлуки за прашања и проблеми кои ги засегаат или се од интерес на  младите на ниво на Општина Бутел. Оттука, зајакнувањето на капацитетите на членовите на Локалниот младински совет како и  на општинската администрација и членовите на Советот на Општината Бутел за креирање, спроведување и следење на имплементацијата на младински политики и зголемениот интерес и мотивација, како и зајакнати капацитети на засегнатите групи на млади на територија на Општината за активно граѓанско и младинско учество на локално ниво и придонес кон одржлив развој на локалната заедница претставуваат синергични поаѓачки целни позиции кои носат до општата и крајна цел, а тоа е овозможување и поттикнување на младинско учество во спроведувањето на локалните младински политики во Општина Бутел.

Целите на проектот ќе се исполнат преку следниве активности:

  • Следење на спроведувањето на основање на Локалниот младински совет во општина Бутел
  • Истражување и анализа на состојбата на младите во Општина Бутел
  • Поддршка на ЛМС за Конципирање на Младинската Стратегија
  • Мапирање, идентификација, селекција и мобилизација на стратешки партнери
  • Поддршка на ЛМС за изработка и изготвување за Младинската програма Периодични консултации со физичко присуство
  • Електронски консултации
  • Стартен настан со покана на сите засегнати страни
  • Консултативна средба со претставници на младински иницијативи
  • Обуки со членови на ЛМС, Советот на Општина Бутел, како и младински организации
  • Тркалезна маса

 

УЛОГА ВО ПРОЕКТОТ:

Надворешниот соработник ќе го поддржи проектниот тим одговорен за имплементација на проектот и ќе одржи обуки во просториите на Општина Бутел, кои претходно ќе бидат организирани од проектниот тим на Евротинк во координација со засегнатите страни предвидени со проектот. Обуките се предвидува да се одржат во месец март 2023 година.

 

ГЛАВНИ ПРОЕКТНИ ЗАДАЧИ:

Во соработка со Проектниот менаџер ќе организира четири обуки во четири или во два дена во просториите на Општина Бутел;

Одржување на ефективна комуникација и работни односи со целната група, засегнати страни и стратегиски партнери;

Во соработка со Проектниот менаџер ќе го следи и оценува напредокот на обуката и учесниците во обуката;

 

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ:

Организирање и спроведување на обука во однос на следниве области:

1) Младински политики, младинско учество, законска и институционална рамка, младинско застапување;

2) Стратешко планирање;

3) Европски и др. фондови за млади; и

4) Вештини за развој на проектни идеи.

Модерирање на вежби во рамки на обуките,

 

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:

Универзитетска диплома за завршени студии од области сродни со програмските области на ЕВРОТИНК. Постдипломски студии ќе се сметаат за предност;

Напредно ниво на познавање на англиски јазик (говорење и пишување);

Способност за аналитичко и критичко размислување;

Способност за тимска работа во динамична средина;

Личен и професионален интегритет.

Заинтересираните лица да достават CV на info@eurothink.mk, најдоцна до 27.02.2023 година.