Онлајн анкетен прашалник како дел од истражувањето и анализата на состојбата на младите во општина Бутел (Локална стратегија за млади 2023 – 2027)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

Евротинк – Центар за европски стратегии го имплементира проектот „Општина Бутел отворена за младите“, финансиран од Европската Унија во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ спроведуван од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА.

Во продолжение следува анкетниот прашалник, кој како инструмент е предвиден со методологијата за создавање на Локална младинска стратегија во Општина Бутел. Наодите кои ќе се добијат од ова истражување ќе се користат во креирањето на Стратегијата од страна на членовите на работната група.

Онлајн анкетата ќе опфати 600 испитаници кои влегуваат во рамки на категоријата млади (15 – 29 години) дефинирана со Законот за младинско учество и младински политики.

Вашите одговори на овој прашалник ќе помогнат да се добие перцепција и појасна слика за тоа каква е состојбата на младите во осум приоритетни области предвидени со Националната стратегија за млади 2016-20225 и ќе ви одземе околу 10 минути.

Општата цел на проектот „Општина Бутел отворена за младите“ е да придонесе кон овозможување и поттикнување на младинското учество во спроведувањето на локалните младински политики и во носењето одлуки за локални младински прашања. Во рамки на проектот ќе се работи на зајакнување на капацитетите на општинската администрација,  на членовите на Советот на Општината Бутел и на идниот Локален младински совет.

Анкетниот прашалник на македонски, албански и турски јазик, можете да го отворите на следниов линк.

Доколку Ви требаат дополнителни податоци во врска со проектот, неговите идеи, активности и цели, слободно контактирајте нe на info@eurotink.mk и Mariglen.demiri@eurothink.mk

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа