Оглас за вработување – Проектен/а асистент/ка и лице за односи со јавност

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

Евротинк бара нов/a член/ка на тимот, со позиција проектен/a асистент/ка – лице за  односи со јавност. Повеќе детали подолу. 

Име на проектот

Кон транспарентна и отчетна  полиција во Република Северна Македонија 

Име на позиција

Проектен/а асистент/ка – лице за односи со јавност

Локација

Скопје, Северна Македонија

Период на траење

Август 2022 – Август 2023  (определено, со можност за продолжување на договорот)

Обем на работа 

Полно работно време, 40 часа неделно  

ОПИС НА ПРОЕКТОТ:

Главната цел на проектот е да се допринесе кон продолжување на развојот на полицијата и полициското работење во Северна Македонија, преку зголемување на демократскиот капацитет на полициската организација по пат на подобрена отчетност и зголемена транспарентност на полицијата како клучен сегмент од безбедносниот апарат. Проектот ќе се реализира со поддршка од Националниот Фонд за Демократија на Соединетите Американски Држави (National Endowment for Democracy). 

Проектот цели кон воспоставување на нови и заживување на постоечките добри практики во односот помеѓу полицијата и граѓаните, особено преку работа на зголемена транспарентност и отчетност. Оваа општествена промена е замислена да се оствари преку работа со различните локални и национални полициски структури и крајната цел е да се одговори на потребата од зголемен дијалог и надзор преку подобрени јавни политики и практики за работа на полицијата во соработка со граѓаните. Со цел да се придонесе за постигнување на севкупните цели, следниве специфични активности ќе бидат остварени во временската рамка на проектот:

  • Развивање на методологија за мониторинг на транспарентноста и отчетноста на полицијата во Република Северна Македонија  преку анализа на внатрешните и надворешните механизми за контрола на работата на полицијата.
  • Воспоставување на соработка со релевантни чинители како: полиција, медиуми, граѓански организации и општински администрации во Република Северна Македонија.
  • Подобрување и промовирање на концептот: „полиција во заедницата“ преку воспоставување на потранспарентен и иновативен комуникациски пристап на полицијата со јавноста.

УЛОГА ВО ПРОЕКТОТ:

Проектниот/та асистент/ка ќе го поддржи проектниот тим одговорен за имплементација на проектот и ќе го поддржи проектниот координатор на средбите со клучните партнери, засегнати страни и други организации. Асистентот/ка ќе работи под директен надзор на проектниот координатор и во секојдневна соработка со останатиот персонал во организацијата. 

Покрај тоа, проектниот асистент/ка ќе биде и лице одговорно за односите со јавност на Евротинк.

ГЛАВНИ ПРОЕКТНИ ЗАДАЧИ:

  • Во соработка со проектниот координатор ќе управува со секојдневните оперативни аспекти на проектот;
  • Во соработка со проектниот координатор, ќе закажува, организира и подготвува и/или помага при спроведување на состаноци на проектниот тим;
  • Одржување на ефективна комуникација и работни односи со целната група, засегнати страни и партнери;
  • Во соработка со проектниот координатор ќе го следи и оценува напредокот на проектот;
  • Во соработка со проектниот координатор, го поддржува подготвувањето на извештаите за донаторот и организацијата;
  • Ќе ги помага или координира и следи сите истражувачки и теренски активности на проектот;
  • Ќе биде надлежен/на за организирање и координација на сите јавни настани што се однесуваат на проектот;
  • Други активности во согласност со проектните задачи и други активности и задолженија кои се од значење за организацијата.

ГЛАВНИ КОМУНИКАЦИСКИ ЗАДАЧИ:

  • Скицирање и приготвување на објави, соопштенија и текстуално/визуелни материјали за комуникациските алатки на организацијата;
  • Внес на содржини и ажурирање на интернет страницата и профилите на социјалните медиуми на организацијата;
  • Комуникација со медиумите и медиумските работници, како и нивно навремено известување за активностите на организацијата;
  • Изготвување на соопштенија за медиумите и јавноста;
  • Изготвување на визуелни презентации на резултатите од истражувањата на организацијата; 
  • Други сродни активности од областа на односи со јавноста; 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:

  • Универзитетска диплома за завршени студии од области сродни со програмските области на ЕВРОТИНК. Постдипломски студии ќе се сметаат за предност;
  • Познавање на базични канцелариски софтверски алатки, основни познавања на WordPress платформа или сличен ЦМС.
  • Напредно ниво на познавање на англиски јазик (говорење и пишување);
  • Способност за аналитичко и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа во динамична средина;
  • Личен и професионален интегритет.

Заинтересираните лица да достават кратка биографија и мотивациско писмо на info@eurothink.mk, најдоцна до 27 јули, 2022.

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа