Драган Поповски работи како проектен асистент во Евротинк– Центар за европски стратегии – Скопје. Драган своите студии по социологија ги завршил на Филозофскиот факултет во Скопје,на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Во 2013 година ги завшрил постдипломските европски студии, насока политички систем и безбедност. Во неговото работно портфолио видливо е 13 годишно искуство во различни организации, и тоа: Европско движење-ЕММК (член на Извршен одбор), Институт за стратегија и развој-(аналитичар) ИПАII-експерт за државна реорганизација, Унија на европски федералисти (проектен координатор), учествувал во проектни активности во Вејк ап, Го грин, но бил дел и од тимот на Соушл медиа груп- А1он МК/Макфакс. Учесник на симпозиуми, конференции и катедри за обука, како и тим лидер на Еразмус +. Неговите истражувачки интереси се во полето на евроинтеграциите, демократија, човекови слободи и права, безбедност и животна средина.
Контакт: dragan.popovski@eurothink.mk