Жарко Божинов е асистент за комуникации во Евротинк- Центар за европски стратегии. Тој е дипломиран политиколог по меѓународни односи на Факултетот за општествени науки при Универзитетот во Љубљана. Дополнително, Жарко студира за магистер по Европски студии исто на Факултетот за општествени науки во Љубљана. Неговите интереси се во полето на надворешни политики, ЕУ и модерни проблеми во ЕУ, како што е сајбер безбедност. За себе може да каже дека е исклучително мотивиран постојано да ги развива своите вештини и професионално да расте.