Контроверзноста за „ поголема (економска) слобода“. Дали либерализацијата во Северна Македонија може да предизвика повеќе проблеми отколку придобивки?
Share


Во изминатите месеци, владата на Северна Македонија се залагаше за три политики кои обезбедуваат различни форми на либерализација и легализација, сите со потенцијално значајни влијанија врз владеењето на правото и правдата во земјата: легализација на канабис за рекреативна употреба, легализација на незаконски изградени објекти и продажба/приватизација на земјоделско земјиште во државна сопственост. Во документот за јавна политика, авторите ги наведуваат предложените промени, можните импликации и нивното противење. Тврдат дека сите три промени одеднаш претставуваат опасност од поразување на административниот систем и општеството. Понатаму, тие тврдат дека јавните институции немаат капацитет за успешно управување со сите промени одеднаш. Авторите препорачуваат владата да направи чекор назад, да влезе во длабоки консултации со засегнатите страни и да направи јасни дистинкции во предлогот за легализација на дивоизградените објекти.
Преземи на следниот линк.
СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ