LOADING

Type to search

Национален дијалог за отпорност во Република Северна Македонија и тркалезна маса- На иста страна: „Зајакнување на соработката меѓу граѓанскиот сектор и Владата на Република Северна Македонија со цел зголемување на отпорноста против организираниот криминал“

ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Настани Ние & Јавност Правда, слобода и безбедност Работни програми

Национален дијалог за отпорност во Република Северна Македонија и тркалезна маса- На иста страна: „Зајакнување на соработката меѓу граѓанскиот сектор и Владата на Република Северна Македонија со цел зголемување на отпорноста против организираниот криминал“

Share

На 22ри септември, претставници на Евротинк – Центар за  Европски Стратегии учествуваа во национален дијалог за отпорност во Република Северна Македонија во организација на Глобалната Иницијатива против транснационален организиран криминал
На настанот присуствуваа претставници од граѓанскиот сектор од земјава со цел да се промовира колективно дејствување, меѓугранична соработка  како и да се даде можност за споделување искуства, информации и взаемна поддршка. Овој дијалог овозможи простор за дискусија за тековни проблеми и трендови, како и можност за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во земјата.

Воедно и на 23 септември, Евротинк и Глобалната Иницијатива против организиран транснационален криминал, организираа тркалезна маса- На иста страна:Зајакнување на соработката меѓу граѓанскиот сектор и Владата на Република Северна Македонија со цел зголемување на отпорноста против организираниот криминал. 
Во фокус на дискусијата беше и соработката меѓу граѓанските организации и Владата и можни области за соработка. Значаен аспект на дискусијата беше и улогата на граѓанското општество, миграции, криумчарење на мигранти како и нивните импликации на отпорност во Северна Македонија. Овој настан беше и првиот работен состанок на „Мрежата 24“ од  нејзиното основање во Март, 2021.

На настанот се обратија неколку говорници од Владата и граѓанскиот сектор и дискутираа за постоечки механизми на соработка, предизвици со миграциите како и потенцијали за зајакнување на капацитетите за взаемна соработка: Димитар Николовски – Извршен Директор на Евротинк – Центар за  Европски Стратегии;  Владимир Георгиев – член на Државна Комисија за Спречувањена Корупција (ДКСК); Светлана Влаховиќ- Диманоска, Раководителка на сектор за преговори и евроинтеграции – оддел за ЕУ и меѓународна соработка и заменик координаторка на Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција; и Гоце Коцевски, програмски директор во Македонско Здружение на Млади Правници (МЗМП).  



 

 

 

Tags:

Leave a Comment