Инфографик- препораки за подобрување на работата на парламентарниот надзор

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

Парламентарниот надзор на безбедносните и разузнавачки служби игра клучна улога во контролирање на работатата на безбедносните и разузнавачки служби во Северна Македонија. Сепак, системот за парламентарен надзор претставува правен и институционален лавиринт. Една од главните причини за оваа препрека e неефикасната и неефективна распределба на надзорот на безбедносните и разузнавачки служби меѓу три комисии, бидејќи дел од пратениците се членови и на други комисии. Една друга дилема, дополнително ја разгорува дебатата меѓу стручната јавност, а тоа е бројот на комисии кои треба да се дел од Парламентарниот надзор на безбедносните и разузнавачки служби.Токму затоа, Центарот за Европски стратегии-Евротинк поддржан од Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор-DCAF подготви неколку препораки како дел од активностите за поддршка на граѓанскиот сектор во рамките на програмата за: Реформи во разузнавачкиот сектор во Северна Македонија (2017-2021).

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа