Димитар Николовски – Извршен директор

Димитар Николовски e извршен директор на Евротинк.Претходно работел како постојан истражувач при Институтот за напредни студи во Кисег, Унгарија. Тој е исто така докторанд на Високата школа за општествени истражувања при Полската академија на науките во Варшава, Полска, каде ги истражува односите помеѓу популизмот и граѓанското општество во Југоисточна Европа. Студирал политички науки на Правниот факултет во Скопје (додипломски), Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (постдипломски) и универзитетите во Сараево и Болоња (постдипломски). Неговото работно искуство вклучува и истражувачка дејност во неколку тинк-тенк организации во Македонија и Босна и Херцеговина. Неговите истражувачки интереси се во полето на граѓански активизам во Централна и Источна Европа, и односите со некои од најактуелните современи теми, како што се евроинтеграциите, уназадувањето и предизвиците на демократијата, миграциите, како и десните популизми и екстремизми во Европа.

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn