LOADING

Type to search

Перцепции на граѓаните за полицијата и за безбедноста

ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Нетрасиран пат: Граѓански ангажман во образованието, истражувањето и мониторингот поврзан со Поглавје 24 Нетрасиран пат: Граѓански ангажман во образованието, истражувањето и мониторингот поврзан со Поглавје 24 Нетрасиран пат: Граѓански ангажман во образованието, истражувањето и мониторингот поврзан со Поглавје 24 Правда, слобода и безбедност Процес на пристапување во ЕУ Публикации Работни програми

Перцепции на граѓаните за полицијата и за безбедноста

Share

• Армијата ужива најголема доверба од граѓаните. Полицијата, заедно со верските заедници, го
дели второто место, но нискиот процент (43 %) укажува на сѐ уште незадоволителна доверба.
Од друга страна, полицијата е драстично попозитивно перципирана во однос на другите актери
на кривичноправниот систем (судството и обвинителството остануваат најнегативно оценети
институции).
• Граѓаните, генерално, се чувствуваат безбедно, особено кога станува збор за нивната непосредна
средина, односно населбата и градот/селото во кои живеат. Сепак, нивните главни грижи
произлегуваат од егзистенцијални прашања, како економската сигурност, здравството/Ковид 19 и
политичката нестабилност.
• Поголем е процентот на граѓани што имаат позитивна перцепција за професионалноста на
полицијата, отколку оние што имаат негативна. Сепак, преовладуваат негативните перцепции за
транспарентноста на полицијата, додека, истовремено, граѓаните се согласуваат дека е полицијата
зависна од партиските, владините и од бизнис-интересите. Перцепциите за полицијата се
попозитивни кај етничките Албанци отколку кај етничките Македонци, што ги руши стереотипите за
ниската доверба на етничките Албанци во оваа институција.
• И покрај тековните реформи, кои треба да ја осигураат приватноста на граѓаните и да влеат чувство
на сигурност, а кои се значајни особено поради темелно нарушената доверба кон безбедносниот
систем во текот на политичката криза од 2015-2016 година, половина од испитаниците сметаат дека
тајните служби ги прислушуваат противниците.

Превземи.

Tags:

Leave a Comment