Стефан Ѓуровски – практикант

Стефан Ѓуровски e практикант во ЕВРОТИНК од 1 септември 2021 година преку проектот ,,Млади Хаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” кој е поддржан од Британската амбасада и од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија. Проектот го спроведува Националниот Младински совет на Македонија (НМСМ) и младинската група. Претходно Стефан работел на  истражување во рафинеријата Окта на мониторинг и анализа на фиторемедијација на почва измешана со јагленоводороден талог – засадена со житни култури, како и во приватна фирма за трговија со јаткасти плодови. Стефан активно учествувал во организација и реализација на саем за органски производи и агробизнис форум како и  организација  на  меѓународен симпозиум за земjoделство  и храна на Факулетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

Стефан посетувал обука од Младихаб за основи на кодирање. Дипломирал на Факултетот за Земјоделски и Храна во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “- Скопје. Негови главни полиња на истражувачки интерес во ЕВРОТИНК се:европеизација, мапирање на организиран криминал во бесправна сеча на шумите и влијание врз земјоделското производство. Во Евротинк, Стефан е ангажиран за изработка на барања за пристап на информации од јавен карактер до државните институции, обработка на транскрипти од претходно направени интервјуа, како и останати релевантни обврски и надлежности поврзани со проектот за нелегална сеча во Северна Македонија.

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn