Иван Стефановски беше Извршен директор на Евротинк до мај, 2021. Стефановски е доктор по политички науки и социологија од Факултетот за политички и општествени науки во Фиренца, на Scuola Normale Superiore во Пиза, Италија. Има студирано на Правниот факултет во Скопје (додипломски и мастер студии). Неговите главни интереси за истражување се општествените движења, демократизацијата, европеизацијата, политичката поларизација и радикализација, како и процесот на креирање јавни политики во Југоисточна Европа. Тој има работено во повеќе невладини и истражувачки организации на домашни и меѓународни проекти, и како консултант во неколку меѓународни мисии.