LOADING

Type to search

ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТИ

Ние & Јавност Соопштенија

ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТИ

Share

ЗА ЕВРОТИНК

ЕВРОТИНК е невладина, непрофитна, неполитичка, тинк-тенк организација основана во септември 2002 година. ЕВРОТИНК го поддржува пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ и европеизацијата на општеството преку професионална обука и советување, развој на јавни политики засновани на докази, регионална соработка и застапување за промени.

ПРАКТИКАНТСКА ПРОГРАМА

ЕВРОТИНК објавува повик за практиканти кои ќе се вклучат во тековното работење на организацијата. Избраните кандидати ќе имаат можност да бидат дел од следниве програми на организацијата:

Програма за европски прашања

Теми: Европеизација, проширување на Европската Унија, хармонизација на македонското законодавството со eu acquis, европски инструменти, ЕУ и граѓаните.

Програма за безбедносни прашања

Теми: реформа и управување со безбедносно-разузнавачкиот сектор (безбедносни стратегии, отчетност и транспарентност, антикорупција, интегритет) и безбедносни предизвици (вклучително: борба против организиран криминал, политичко насилство, екстремизам, јавна безбедност).

Програма за регионална интеграција

Теми: хармонизацијатa на билатералните односи на државата со соседните држави членки на ЕУ, продлабочување на регионалната соработка во Западен Балкан, помирување.

Програма за активно граѓанство

Теми: следење на работата на надзорни и регулаторни тела, граѓанско образование и критичко размислување, демократска консолидација, медиумска писменост.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Универзитетска диплома за завршени студии од области сродни со програмските области на ЕВРОТИНК. Постдипломски студии ќе се сметаат за предност;
  • напредно ниво на познавање на англиски јазик (говорење и пишување);
  • интерес и желба за учење за процесот на креирање на политики, општествено-политичките структури и институции;
  • способност за аналитичко и критичко размислување;
  • личен интегритет.

ШТО НУДИМЕ

  • Динамична средина и пријатна работна атмосфера;
  • работа на национални и регионални проекти;
  • менторство од страна на искусни координатори и аналитичари;
  • фер надомест согласно квалификациите и ангажманот на практиканот;
  • можност за продолжување на праксата и можност за вработување.

НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ

Добредојдени се пријави за пракса во текот на целата година. Селекцијата на кандидатите се врши согласно потребите на организацијата, неколку пати годишно.

За да се пријавите, пратете го Вашето CV и Писмо за мотивација каде ќе ја посочите програмата (најмногу две програми) за која сте заинтересирани. Пријавите се праќаат по електронски пат на info@eurothink.mk со назнака: Практикантска програма.

Со кандидатите кои ќе бидат во потесен круг ќе се спроведе интервју. Договорот за пракса ќе биде потпишан за време од три месеци, со можност за продолжување на соработката.

Tags:

Leave a Comment