Учество на Втората практична вежба за парламентарен надзор над разузнавачките служби организирана од ДЦАФ

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

ЕВРОТИНК – Центарот за европски стратегии беше дел од Втората практична вежба за парламентарен надзор над разузнавачките служби, организирана од страна на ДЦАФ – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор . Учесници на вежбата беа пратенички и пратеници кои се дел од релевантните парламентарни комисии за надзор над безбедносно-разузнавачките служби, персоналот кој работи како поддршка на комисиите, како и членките и членовите на новоформираниот Совет за граѓански надзор.

Магдалена Лембовска, проектна координаторка и истражувач во ЕВРОТИНК, учествуваше како дел од фасилитаторите кои го олеснуваа спроведувањето на вежбата. Настанот беше насловен како „Теренска надзорна посета”, при што учесниците имаа можност да дискутираат за предизвиците при спроведувањето на надзорот над безбедносно-разузнавачките служби, но и позитивните аспекти на постоечкото национално законодавство.

Настанот се одржа од 17 до 19 септември во Маврово, Северна Македонија.

Практичната вежба е дел од Програмата за реформи во разузнавачкиот сектор во Република Северна Македонија која ДЦАФ ја спроведува со финансиска поддршка од Обединетото Кралство (FCO – CSSF), Холандија (Министерство за надворешни работи), Шведска (SIDA) и Швајцарија (SDC).

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа