Од 18 до 23 септември во Мадрид, Шпанија се одржа третата краткорочна мобилност – меѓународна активност за учење , во која земаа учество претставници од ЕВРОТИНК – Центарот за Европски стратегии, училиштето Сан Карлос од Мадрид, Шпанија и “Центарот за образовна интеграција на децата и учениците од етничките малцинства – CEIEDEM” од Бугарија како водечка организација. Настанот е дел од проектот „Ethnic minority integration school hub“ од програмата Еразмус плус, Клучна акција 2: Соработка за иновации и размена на добри практики.

Програмата за мобилност вклучи работни посети на институции и организации кои работат со деца од ранливи групи, средби со претставници на државните институции кои се одговорни за образовната интеграција во Шпанија како и организирање на Вебинар на кој се презентираа практиките на сите три држави околу процесот на интеграција и социјализација на деца и студенти од различни етнички групи

Проектот има за цел да создаде и развие меѓусекторска мрежа за споделување и пренесување на добри практики во областа на спречување на напуштање на училиштето (рано напуштање на училиштето) на учениците од ранливите групи и тоа првенствено преку собирање и размена на знаењата, подобрување на превенцијата во однос на раното напуштање на училиштето, како и подобрување на практиките за интервенција.

Проектот е финансиран од програмата Еразмус + на Европската Комисија преку Центарот за развој на човечки ресурси.