ВИЗИЈА
Визијата на ЕВРОТИНК е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество базирано на принципите на правда, рамноправност, слобода и благосостојба. Ние го сметаме процесот на интеграција во ЕУ како најдоброто средство за постигнување на нашата визија.
МИСИЈА И ВОДЕЧКИ ПРИНЦИПИ
ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии е невладино, непартиско, непрофитно и секуларно здружение на граѓани кое го поддржува пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија и европеизацијата на општеството преку истражувања и развој на јавни политики засновани на докази, професионална обука и советување, регионална соработка и застапување за промени.
СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ