ЕВРОТИНК е невладина, непрофитна, неполитичка, тинк-тенк организација основана во септември 2002 година. ЕВРОТИНК го поддржува пристапувањето на Македонија во ЕУ и европеизацијата на општеството преку професионална обука и советување, развој на јавни политики засновани на докази, регионална соработка и застапување за промени. ЕВРОТИНК го следи процесот на пристапување и работи на четири програми: Европа за граѓаните, Регионална интеграција, Правда, слобода и безбедност, Пристапување кон ЕУ.