Коментар на ИДСЦС, ЕВРОТИНК и Еко-свест: Што кажува извештајот на Европската комисија и што треба да направиме?
На 6-ти октомври оваа година, Европската комисија (ЕК) го претстави извештајот за Северна Македонија, 2020. Генералната оцена е дека земјава позитивно се издвојува од останатите земји од Западен Балкан. ЕК забележува најголем напредок во исполнувањето на реформите посочени од Советот во заклучоците од јуни 2018. Овогодинешниот извештај е објавен заедно со новиот Економски и инвестициски план, најавен на Загрепскиот Самит, …