Регионална интеграција

Дали Р.М го следи чекорот на усогласување на националното законодавство со меѓународните конвенции кои ја регулираат обврската за издржување со странски елемент?

Предмет на разгледување во овој текст е издршката на децата, што претставува законска обврска на родителите, без оглед на тоа дали живеат во брачна, вонбрачна заедница или се разделени, и законска обврска на посвоителите, врз основа на посвојувањето.

УЛОГАТА НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ПОГЛАВЈЕТО 24

Пишува: Магдалена Лембовска, ЕВРОТИНК Поглавјето 24, односно Правда, слобода и безбедност, е едно од најважните поглавја во процесот на пристапување кон ЕУ. Заедно со Поглавјето 23 (Темелни права), ги воспоставуваат темелите на владеењето на правото, а реформите во составот на овие поглавја имаат капацитет да го забрзаат или да го закочат целокупниот евроинтеграциски процес. Сепак, …

УЛОГАТА НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ПОГЛАВЈЕТО 24 Read More »

Регионална интеграција

Оваа програма ги опфаќа 1) хармонизацијатa на билатералните односи на државата со
соседните држави членки на ЕУ, 2) учествотo во и промоција на инструментите за
продлабочување на регионалната соработка, кои се комплементарни со процесот на
проширување како Берлинскиот процес, иницијативата за создавање Регионална економска
област и 3) Билатерална и мултилатерална политичка, економска, безбедносна и друг вид
соработка меѓу земјите од Балканот и Југоисточна Европа.
Во изминатите две години, РСМ успеа значително да ги подобри билатералните односи со
соседните држави преку потпишување договори за добрососедство со Бугарија и Грција.
Имплементацијата на договорите неминовно стана влогот на државата во надежта за
одблокирање на евроинтеграциите и членството во НАТО. Со тоа, имплементацијата на
договорите е дел од политиката на условеност и процесот на пристапување. Во изминатите
години, ЕВРОТИНК работеше на хармонизацијата на односите со Грција и Бугарија
поддржувајќи го Преспанскиот договор како влог за стабилизацијата на регионот. Во
претстојниот период, ЕВРОТИНК одблизу ќе ја следи имплементацијата на Преспанскиот
договор и ќе покренува и поддржува иницијативи за зголемена соработка и доверба меѓу
актерите од РСМ и Грција и преку Програмата Симфонија. Една од главните активности ќе
биде вмрежувањето со актери од Грција и Бугарија и создавање платформа за заедничко
застапување за одблокирање на европските интеграции пред колебливите влади од Западна
Европа.
Во услови на замор од проширувањето, зголемена колебливост на западноевропската јавност
кон Западниот Балкан и демократско назадување во некои од државите што се во процес на
пристапни преговори, во изминатите години државите членки покренаа низа иницијативи
како Берлинскиот процес. ЕВРОТИНК ќе продолжи да работи на поддршка на сите овие
иницијативи, вклучително и преку организирање регионални форуми на граѓанското
општество, вмрежување, истражувања и заедничко лобирање со партнери од регионот.

ЕВРОМЕТАР 2018 – Добрососедски односи и надворешна политика

Истражувањето се осврнува на добрососедските односи помеѓу Македонија и Грција, како и Македонија и Бугарија, а го изработи Евротинк, за заеднички потреби со Фондацијата Фридрих Еберт. Анкетното истражување беше спроведено од 01 до 23 март 2018 година, со прашања кои во голем дел се поклопуваат со прашањата поставени на анкетно истражување во соседна Грција, спроведно …

ЕВРОМЕТАР 2018 – Добрососедски односи и надворешна политика Read More »

Scroll to Top