Димитар Николовски, извршниот директор на Евротинк- Центар за европски стратегии, гостуваше во „Европат” на телевизија 24, и говореше за можностите за проширување на Европската Унија до 2030-та година.
„Проширувањето на ЕУ со нашиот регион, Украина и Молдавија е можно, но дали тоа ќе биде 2030-та година е многу тешко особено заради сите реформи и промени кои треба да се случат во нашиот регион. Доколку дојде до моментот да се прават реформи во самата Европска Унија, тогаш таа ЕУ изгледа уште подалечна.”-изјави Николовски.
Во однос зошто првите луѓе во ЕУ во последно време се внимателни околку датумот за проширување на ЕУ, се чини дека Европската комисија се води според онаа теза дека критериумите се на прво место, Николовски истакнува: „Да тие се водат според тезата критериумите прво, меѓутоа увидоа дека и тоа разногласие кое се случува не им оди во прилог, бидејќи ваквите разногласија креваат многу шпекулации, и сите тие ги третираат на начин на кој им одговара на нив, но тие шпекулации подоцна може да прераснат во големо задоволство или големи очекувања кај граѓаните и кај политичките елити кои е невозможно да се остварат, тука увидоа дека не смее да се крева премногу надежта бидејќи изневерувањата на надежта создава поголем евро скептицизам кај граѓаните, а тоа го гледаме и во нашата држава во последните неколку години”.
Погледнете го целото интервју.