Димитар Николовски гостуваше во „Тема на денот“ на телевизија Сител и ја коментираше актуелната дискусија за можните промени во концептот на проширувањето на Европската Унија.
„Рокот од 2030 година за проширувањето на Европската Унија не е прв пат спомнат и тој веќе некое време се зборува во дипломатските кругови. Тоа е една убава цел која ни дава отимизам, меѓутоа, според мене, е премногу оптимистична идеја бидејќи премногу нешта треба да се завршат, особено на домашно ниво. (…) Многу фактори ќе влијаат на тоа дали рокот од 2030 година може да се исполни.“ – изјави Николовски.
Во однос на предлогот на Макрон за ‘Европа со повеќе брзини’, тој истакнува дека тоа не е нова идеја: „Во самата ЕУ има сериозни различности. Јас тоа го гледам во насока дека можеби некои постоечки неформални механизми, на пример, врзани за клучните држави кои имаат најголемо влијание во носењето на крупните одлуки во Европската унија, сега малку повеќе би се формализирале. Тоа, на пример, би била само една од опциите. (…) Во секој случај, Макрон нафрли бомбастична идеја и остави да види што ќе се случи. Ќе следуваат многу преговори и пазарења пред да видиме каква ќе биде конечната форма.“
Погледнете го целото интервју.