Промовирана Локална стратегија за млади на општина Бутел 2023-2028

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

На 24 јули 2023, во просториите на општина Бутел, беше промовирана Младинската стратегија на општина Бутел 2023-2028. 

Поддршката на кандидатите на Локалниот младински совет на Општина Бутел за подготовка на Локална стратегија за млади 2023–2028 беше една од активностите на проектот „Општина Бутел отворена за младите“, спроведуван од Евротинк, а поддржан од Коалицијата на младински организации СЕГА. Изготвувањето на стратегијата се спроведе со заедничка соработка на советот, работната група и „Евротинк“, како координатор на проектот.

Како основа за изработка на овој документ беше спроведено истражување, кое ги вклучи младите во Општина Бутел и релевантни засегнати страни. Истражувањето даде податоци и увид во состојбата и во потребите на младите во Општината во осум приоритетни области, дефинирани во Националната младинска стратегија. Врз основа на истражувањето беа избрани тематските фокуси на стратегијата и беа изведени заклучоци, цели, акциски план и препораки за секоја од избраните тематските области.

На промотивниот настан свои излагања имаа Мариглен Демири, координатор на проектот, Васка Драшковиќ, од СОС Детско село, Михајло Талевски, фасцилитатор на Локалната младинска стратегија. Модератор беше Димитар Николовски, од Евротинк – Центар за европски стратегии. 

Општата цел на проектот  „Општина Бутел отворена за младите“ беше создавање можност и поттикнување на младинското учество во спроведувањето на локалните младински политики и во донесувањето одлуки за прашања и за проблеми што ги засегаат или се од интерес на младите од Општина Бутел. Оттука, засилувањето на капацитетите на членовите на локалниот младински совет, на општинската администрација и на членовите на Советот на Општина Бутел за креирање, спроведување и следење на имплементацијата на младинските политики и зголемениот интерес и мотивација, како и засилените капацитети на засегнатите групи млади на територијата на Општината (за активно граѓанско и младинско учество на локално ниво и придонес кон одржлив развој на локалната заедница), претставуваат синергични поаѓачки целни позиции, кои водат до општата и крајна цел, а тоа е создавање можност и поттикнување на младинското учество во спроведувањето на локалните младински политики во Општина Бутел. 

Проектот е финансиран од Европската Унија во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ спроведуван од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА. 

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа