На 16 јуни се одржа првата седница на Локален совет за превенција во општина Гостивар.
На седницата се разговараше за сообраќајот за време на престојот на иселениците во татковината, за заштита од пожари во текот на летниот период и други прашања од интерес на безбедноста на граѓаните во општината.
Преку проектот „Со локални совети за превенција кон подобра соработка“ Евротинк во соработка со општините има за цел да го унапреди партиципативното донесување одлуки во полицијата, по пат на зајакнување на функционалноста на локалните совети за превенција (ЛСП).
Проектот е поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, преку програмата за „Мали демократски грантови”.

