Евротинк во рамки на проектот „Општина Бутел отворена за младите“ на 27 и 28 март, настаните се одржаа во просториите на општина Бутел, одржа обуки за младински политики.
Учесниците на обуките имаа можност да се стекнат со основната идеја за младински политики и нивно создавање, во интерес на младинското застапување. Исто така, се запознаа и со принципите на стратешко планирање и поднесување апликации во европските фондови како дел од корпусот вештини за развој. Овие теми се во инхерентна врска со интересите на Локалниот младински совет кој наскоро ќе биде избран и ќе фунционира во рамки на Општина Бутел.
Темите кои беа опфатени се следниве:
1) Младински политики, младинско учество, законска и институционална рамка, младинско застапување;
2) Стратешко планирање;
3) Европски и други фондови за млади и
4) Вештини за развој на проектни идеи.
Оваа активност се поклопува со зацртаната цел која оди во насока на приближување на општинската администрација, ЛМС и Општината со младите кои доаѓаат од територија на Општина Бутел.
Учесниците на обуките имаа можност да се стекнат со основната идеја за младински политики и нивно создавање, во интерес на младинското застапување. Исто така, се запознаа и со принципите на стратешко планирање и поднесување апликации во европските фондови како дел од корпусот вештини за развој. Овие теми се во инхерентна врска со интересите на Локалниот младински совет кој наскоро ќе биде избран и ќе фунционира во рамки на Општина Бутел.
Проектот „Општина Бутел отворена за младите“ е поддржан од Европската Унија во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ спроведуван од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА. Проектот започна со спроведување на 1 септември 2022, а ќе трае до мај 2023 година.





