LOADING

Type to search

Евротинк ја одржа завршната конференција „Демистифицирање на (не) соседските односи на патот кон ЕУ“

Демистифицирање на (не) соседските односи на патот кон ЕУ: Случајот на Северна Македонија и Бугарија Демистифицирање на (не) соседските односи на патот кон ЕУ: Случајот на Северна Македонија и Бугарија ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Работни програми Регионална интеграција

Евротинк ја одржа завршната конференција „Демистифицирање на (не) соседските односи на патот кон ЕУ“

Share

Во првиот панел: „Улогата на ЕУ во односите на Северна Македонија и Бугарија” се обратија: Н.Е. г. Јарослав Лудва, амбасадор на Чешката Република, кој повика на дијалог, како и дека треба да се дискутираат овие т.н. вистини, тоа да се врши на ниво на експерти и да изнајде некаков компромис, затоа што ништо не е црно – бело и не може да се зазема само една страна.

Советникот на Амбасадата на Канада за Србија, Северна Македонија и Црна Гора г. Дејвид Морган ја истакна одличната соработка со Евротинк, и ја истакна поддршката на Канадскиот Фонд за локални иницијативи. Овој фонд поддржува локални проекти кои се занимаваат со важни теми за кои Канаѓаните веруваат дека се од суштинско значење за подобрување на нашиот свет. Ова вклучува пронаоѓање начини преку разговарање за билатералните потешкотии, како што се оние кои во моментот ја погодуваат Северна Македонија и Бугарија.

Извршниот директор на Евротинк, г. Димитар Николовски, истакна дека треба да се работи многу повеќе на намалување на тензиите , особено помеѓу двете општества, надвор од оние односи помеѓу владини претставници. И да им се дава на помирливите гласови, многу повеќе простор.

Во вториот панел насловен:„Можности на идна соработка” се обратија универзитетски професори од двете држави како и граѓански активисти, г-а. Катерина Колозова од Институт за општествени и хуманистички науки во Скопје, и г. Љупчо Петковски – Политиколог, Евротинк-Центар за европски стратегии.

Според Димитар Атанасов од Институтот за етнологија и фолклорни студии со Етнографски музеј, Бугарската академија на науките, впишувањето на Бугарите во македонскиот устав е бесмислено,  и со и без, Бугарија треба да дозволи преговори на Македонија со ЕУ. Атанасов посочи дека и од двете страни на границата постојат политички субјекти, кои работат на влошување на состојбата.

Универзитетскиот професор Стефан Дечев од Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“, Благоевград истакна дека нема историја во Копенхашките критериуми . Кога Бугарија влезе во ЕУ во 2007год. , не направи ревизија на бугарските историски учебници . Но сега можеме да ја искористиме приликата, како една земја што е членка на Еу и една кандидатка два наратива кои можат да бидат европеизирани и хуманизирани.

Според бугарските професори – проблем се спорните имиња на бугарските клубови во земјава. Порачаа дека Ванчо Михајлов е историска личност која е контроверзна дури и во Бугарија и затоа, место разгорување на националистичката политика , потребно е помирување на двете страни.

Евротинк-Центар за европски стратегии ја одржа завршната конференција: „Демистифицирање на (не) соседските односи на патот кон ЕУ: Случајот на Северна Македонија и Бугарија“.

Tags:

Leave a Comment