Евротинк бара нов член на тимот, со позиција проектен/на координатор/ка. Повеќе детали подолу.
Име на проектот | Media 4 EU |
Име на позиција | Проектен/на координатор/ка |
Локација | Скопје, Северна Македонија |
Период на траење | 1 март 2023 – 28 февруари 2026 година |
Обем на работа | 70% работно време |
ОПИС НА ПРОЕКТОТ:
Главната цел на проектот е да се унапредат капацитетите на медиумите да го покриваат, следат и анализираат преговарачкиот процес на Северна Македонија за членство во Европската унија. Тоа во рамки на преоектот ќе се постигне преку:
-унапредување на окружувањето за медиумско учество во преговарачкиот процес за членство во Европската унија;
-зајакнување на професионалните капацитети на медиумите за покривање на европски регулативи, европски политики и вредности и зголемување на можностите за младите новинари;
-создавање средина за вмрежувачки активности со сродни медиумски организации и професионалци од Европа, со цел поддршка и зајакнување на медиумската писменост и разновидноста во медиумите.
УЛОГА ВО ПРОЕКТОТ:
Проектниот/ната координатор/ка ќе го води проектниот тим одговорен за имплементација на проектот при средбите со клучните странки, партнери, засегнати страни и други организации. Проектниот/ната координатор/ка ќе ги координира истражувачките активности и јавните настани, ќе ја поддржи организацијата на проектот, ќе следи планирање и спроведување на проектите, поддршка на евалуацијата и известување.
ГЛАВНИ ЗАДАЧИ:
- Ќе управува со целокупното планирање на проектните активности;
- Ќе управува со секојдневните оперативни аспекти на проектот;
- Ќе управува со персоналот на проектот, како и со распределбата на ресурсите и буџетот;
- Во соработка со проектниот асистент, ќе закажува и поддржува состаноци на проектниот тим;
- Ќе идентификува потребни ресурси и ќе доделува индивидуални одговорности;
- Ќе предлага и спроведува соодветни процедури за работа;
- Ќе врши надзор или спроведување на постапките за набавка на услуги и стоки;
- Ќе помага во проценката на понудите и ќе одобрува плаќања;
- Ќе одржува на ефективна комуникација и работни односи со целната група и партнери;
- Ќе го следи и оценува напредокот на проектот;
- Ќе подготвува извештаи за донаторот и организацијата;
- Ќе ги координира и следи сите истражувачки активности на проектот;
- Ќе ја координира и менторира работата на грантистите и ќе ги разгледува нивните привремени и финални наративни извештаи;
- Заедно со другите членови на проектниот тим ќе биде вклучен/а во спроведувањето на обуките за грантистите;
- Ќе биде надлежен/на за организирање и координација на сите јавни настани што се однесуваат на проектот;
- Други активности во согласност со проектниот документ.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Универзитетска диплома за завршени студии од области сродни со програмските области на ЕВРОТИНК. Постдипломски и докторски студии ќе се сметаат за предност;
- Минимум пет години работно искуство во граѓанскиот сектор и на сродни теми;
- Напредно ниво на познавање на англиски јазик (говорење и пишување);
- Способност за аналитичко и критичко размислување;
- Личен интегритет.
Заинтересираните лица да достават CV и мотивационо писмо на info@eurothink.mk најдоцна до 20.02.2023