Барање за прибирање понуди за редизајн и дополнување на веб-страна

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

Датум на објавување: 07.02.2023 година

 

Здружение на граѓани Евротинк – Центар за европски стратегии – Скопје, објавува повик за редизајнирање и дополнување на веб-страната www.eurothink.mk

  

Ве покануваме да ни ги доставите вашите понуди најдоцна до 20.02.2023 година по електронски пат на info{@}eurothink.mk

 

Во делот „технички спецификации“ се обезбедени информации кои треба да помогнат во структурирање на понудите.

 

Инструкции за понудувачите:

 

  1. Договорен орган

Договорен орган е Здружение на граѓани Евротинк – Центар за европски стратегии – Скопје со адреса на ул. Петар Попарсов 16-5/2, 1000, Скопје.

Лице за контакт кај договорниот орган е: Aдминистративен раководител, Александар Стојановски, (aleksandar.stojanovski{@}eurothink.mk).

 

  1. Предмет на договорите за набавка

Предмет на договорот за набавка е изработка на нов дизајн/визуелен идентитет и проширување на технички карактеристики на веб-страната www.eurothink.mk. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа документација.

 

  1. Начин на испорака/ извршување на услугата

Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача по електронски пат на info{@}eurothink.mk

 

  1. Рок на испорака/ за извршување на услугата

Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот до 31.03.2023 година, како и да го обезбеди неговото целосно непречено функционирање и обука за користење на CMS-от на веб-страната, најдоцна до 15.04.2023 година.

 

  1. Начин на плаќање

Плаќањето ќе се изврши по предавањето на готовиот продукт.

 

  1. Право на учество
    • Право да достави понуда има секое заинтересирано правно и физичко лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка. 

 

  1. Изготвување и поднесување на понудите
  • Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во повикот.
  • Валута на понудата

Цената на понудата се изразува во денари.

 

  1. Краен рок и место за поднесување на понудите
  • Краен рок за поднесување на понудите е 20.02.2023 година до 17.00 часот.
  • Понудите се поднесуваат електронски, на info{@}eurothink.mk 
  1. Критериум за доделување на договорот/ите

Критериум за доделување на договорот за набавка е економската поволност на понудата и креативното решение.  

Технички спецификации

Со цел зајакнување на брендот на ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии предвидена е изработка и дизајн на нова веб страница којашто ќе служи како официјална веб-страница на самата организација.

Доработка и редизајн на веб страна www.eurothink.mk

www.eurothink.mk е организациска веб-страна која е поставена на WordPress технологија со употреба на алатката Elementor. При доработката и ре-дизајнот на веб-страната треба да се задржи оваа постоечка технологија. Веб-страната треба да употребува технологии кои овозможуваат лесно користење, надградување, но и ниски трошоци за одржување.

На веб-страната потребно е да се воведе нов визуелен идентитет преку приспособување на избрана тема според изгледот и содржините на досегашното решение на веб-страната, кое едновремено ќе биде складно со сродната постоечка веб-страна eu.org.mk.

Понатаму, потребни се делумни промени во структурата (промени во менито на главната страна, структурни и визуелни промени на насловната страна),  при што постојните содржини ќе се мигрираат од сегашната на новата веб-страница, но и ќе бидат поинаку организирани (во категории на содржини и теми на содржини).

Веб-страницата ќе содржи податоци за самата организација, односно за нејзините програмски полиња на работа, зацртаните визија и мисија, како и за вработените и членовите на Управниот одбор. Преку оваа веб-страница ќе бидат достапни сите стратегиски документи, годишни извештаи и публикации издадени и објавени до денес, како и информации за тековни и минати проекти и актуелни информации и известувања. Новата веб-страница ќе треба да содржи и мултимедијални содржини (фотографии, галерии, видео-материјали, визуелни решенија и слично).

Промените во изгледот, структурата и технологијата ќе бидат детално договорени по изборот на изведувачот на услугата.

 

Веб-страната треба да ги поседува следните функционалности:

WordPress Content Management System (CMS)

Управувањето со содржини треба да се одвива преку WordPress CMS со кој ќе се обезбеди самостојно ажурирање на содржините кои се прикажуваат на страниците од веб-страната. Овие содржини ќе бидат генерирани од неколку лица од редот на вработени во Евротинк и истите можат да бидат одобрени и поставени само од корисниците кои ќе имаат административен пристап до платформата, каде што секој различен тип на административен корисник ќе може да ги поставува само оние типови на содржини за кои има соодветни привилегии.

 

Прилагодлив дизајн

Со цел веб-страната да одговори на најновите технички стандарди и трендови, потребно е да биде изградена со лесен, едноставен прилагодлив дизајн (responsive design) со што ќе се овозможи автоматска промена на структурата и големината на елементите од веб-страниците во зависност од уредот на кој се прикажуваат: мобилни телефони, таблети, лаптопи или десктопи.

  

Google Analytics

Во веб-страната потребно е да биде вградено поврзување со Google Analytics, со што ќе се овозможи преглед на статистики поврзани со посетеноста на веб-страницата.

 

Search Engine Optimization (SEO)

Во веб-страната потребно е да бидат вградени техники и препораки од веб-пребарувачите како што е Google, со цел постигнување на висок ранг во пребарувањата.

 

Ресурсен дел

Потребно е да се креира прегледна презентација и пристап до категоризирани ресурси (публикации, мултимедијални записи, графички материјали, галерии и сл.) со лесна навигација и пребарување.

 

Пребарување

Подобрување на постојното или изработка на ново решение за пребарување со можности за напредно пребарување низ различните типови информации и документи поставени на веб-страната, со можност за хронолошки приказ и филтрирање по тагови, категории, поткатегории и клучни зборови.

 

Повеќе јазични верзии

Сајтот треба да е двојазичен, со предвидување на можност за идно додавање на уште една дополнителна јазична верзија.

 

Настани

Календар на настани кој е потребно е да овозможи преглед на настаните според локација, категорија на настан, датум, проект и сл. Внесените настани треба да се пребарливи преку форма за пребарување.

 

Поставување на линкови до Социјални мрежи во сопственост на Нарачателот

Прилагодување на www.eu.org.mk

Воведување на избраната визуелна тема и на сродниот сајт eu.org.mk

www.eu.org.mk е сајт изработен и користен од организацијата ЕВРОТИНК (Нарачателот). За овој веб-сајт потребно визуелно прилагодување и овозможување на негова соодветна видливост, линк за поврзување и, по можност, интеграција со www.eurothink.mk

 

Префрлање на хостинг за www.eu.org.mk од еден акаунт на друг акаунт кај истиот хостинг провајдер 

Префрлање на eu.org.mk кој е хостиран на МКХОСТ од еден хостинг акаунт на друг хостинг акаунт кој исто така се наоѓа на МКХОСТ.    

 

Редовно одржување на вградениот софтвер

Понудувачот треба да достави и цена на услуга за годишно одржување и update на делови од софтверот за кој ќе биде вграден во веб страната www.eurothink.mk и www.eu.org.mk (под годишно тековно одржување се мисли на: update-ирање на WordPress, Elementor како и соодветните plug-ins кои се во функција на веб страните).

 

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа