Евротинк денес потпиша Меморандум за соработка со Општина Гостивар со што ја отпочнува реализацијата на проектот „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка“. Гостивар е една од трите општини избрани преку јавен повик во кои ќе се спроведуваат активности за зајакнување на функционалноста на локалните совети за превенција (ЛСП). На состанокот одржан со градоначалникот Арбен Таравари беа дискутирани претстојните активности кои имаат за цел зголемување на партнерството со локалната заедница.
ЛСП претставува тело за заедничко дејствување на засегнатите страни и на релевантните чинители во областите од безбедносен, комунално-инфраструктурен и социјално-културен карактер. Тоа претставува алатка која води кон одржување на јавната безбедност, градење доверба и соработка при превенција на безбедносните проблеми, како и организирање други форми на вклученост на граѓаните при идентификување на локалните проблеми и развивање на применливи решенија. Главната цел е да се поттикне процес на соработка помеѓу општината, полицијата и граѓаните преку кој ќе се унапреди партиципативното донесување одлуки во полицијата, а со цел квалитетно спроведување на концептот „полиција во заедницата“.
Проектот е поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, преку програмата за „Мали демократски грантови”

