LOADING

Type to search

ЕВРОТИНК -центар за европски стратегии го одржа својот почетен настан: „Младите и соработка во образованието”

Демистифицирање на (не) соседските односи на патот кон ЕУ: Случајот на Северна Македонија и Бугарија Демистифицирање на (не) соседските односи на патот кон ЕУ: Случајот на Северна Македонија и Бугарија ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Работни програми Регионална интеграција

ЕВРОТИНК -центар за европски стратегии го одржа својот почетен настан: „Младите и соработка во образованието”

Share

ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии го одржа настанот:„Младите и соработка во образованието”, кој е дел од проектот: „Демистифицирање на (не) соседските односи на патот кон ЕУ: Случајот на Северна Македонија и Бугарија“, подржан од Амбасадата на Канада во Белград, преку Канадскиот фонд за локални иницијативи.

Во своето поздравно обраќање на почетокот на конференцијата извршниот директор на ЕВРОТИНК, г. Димитар Николовски истакна дека  целта на проектот е идентификација на дезинформациите кои постојат во македонскиот јавен простор во однос на релациите на двете држави и особено на самиот процес на пристапување кон ЕУ, да се спротивставиме на штетните и на антиевропските наративи кои произлегуваат од овие односи, што е всушност и главната мисија на Евротинк, а тоа е европеизација на македонското општество.

Н.Е. г. Ангел Ангелов истакна дека билатералната соработка во образованието е главен приоритет за Бугарија, од самата независност на Северна Македонија. Еден од скорешните докази за ова е новата Програма за соработка во областа на образованието која беше потпишана од министрите на 22 март оваа година, која ќе им овозможи на студентите од двете земји да студираат бесплатно на јавните институции и универзитети.

Претставникот на Канадската амбасда во Белград, г. Дејвид Морган, нагласи дека ова е трет проект на Евротинк, кој финансиски е поддржан од  Амбасадата преку Канадскиот фонд за локални иницијативи и изрази особено задоволство што тој се однесува на младите, а произлегува од уверувањето на Канада дека преку билатералните односи кои ќе се развиваат во иднината, може многу да се постигне во односите меѓу двата соседа.

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилнист г. Марко Ѓоргиевски истакна дека двете агенции имаат одлична сорбаотка и го истакна потпишаниот Меморандум за соработка со Центарот за развивање на човечки ресурси на Република Бугарија.  Во следниот период ќе се реализираат различни настани на територија на двете држави со акцент на Програмата, и тоа: зелена агенда и инклузија, со вклучување на различни опоштествени чинители, истакна Ѓоргиевски.

Директорката на Бизнис инкубаторот Гоце Делчев, Центар за промоција на претприемништво г-а Росица Џамбазова ги истакна досегашните соработки и успеси од прекуграничната соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

Претставникот на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин” и докторанд на Универзитетот „св.Кирил и Методиј” во Велико Трново, г. Борче Серафимовски  истакна дека соработката меѓу двата универзитети е на високо ниво и дека ќе им овозможат на студентите од земјава да добијат широко признаени европски дипломи од бугарските универзитети. Преку отворање на првата филијала на Универзитетот „св.Кирил и Методиј” од Велико Трново, ќе се овозможи и вклучување на регионални студенти од околните држави.

На конференцијата своите позитивни искуства споделија и студенти и универзитетски професори кои биле дел од ЕРАЗМУС+ програмата со Бугарија, претставници на граѓанскиот сектор, и млади европски амбасадори.

Tags:

Leave a Comment