LOADING

Type to search

Одржана #ЕВРОТОК сесија со Зоран Ангеловски, директор на Оперативно-техничката агенција

За реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор Правда, слобода и безбедност Работни програми

Одржана #ЕВРОТОК сесија со Зоран Ангеловски, директор на Оперативно-техничката агенција

Share

На 12 октомври 2022, ЕВРОТИНК-Центар за европски стратегии во соработка со Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF) организираше #ЕВРОТОК сесиja со директорот на Оперативно-техничката агенција (ОТА), господинот Зоран Ангеловски. Централна тема на дискусијата беше комуникациската стратегија на Оперативно-техничката агенција како една од безбедносно-разузнавачките служби во Република Северна Македонија. На настанот учествуваа 16 гости од медиумскиот и граѓанскиот сектор.  

Воведното 15 минутно излагање на Ангеловски беше проследено со конструктивна и динамична дискусија во која се разгледаа повеќе елементи на транспарентноста на агенцијата. На самиот почеток присутните се согласија дека комуникацискиот аспект на работата на ОТА во однос на пошироката јавност е специфичен и во одредена мера условен од природата на дејноста.    

Дел од дискусијата беше посветена на соработката на ОТА со останатите институции, особено на предностите и слабостите во односот со парламентарните комисии за надзор. Еден од поважните општи увиди од дискусијата, беше итната потреба за унапредување на механизмите на парламентарниот и на граѓанскиот надзор над безбедносно-разузнавачкиот апарат каде спаѓа и ОТА. 

Воедно, присутните се интересираа и за располагањето со буџетот и кадровските прашања на ОТА. 

Оваа #ЕВРОТОК сесија беше втората од низата средби посветени на безбедносниот сектор, во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026) имплементирана од ДЦАФ – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор.

Tags:

Leave a Comment