Центарот за европски стратегии – Евротинк започнува со реализација на проектот „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка“, поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, преку програмата за „Мали демократски грантови”.
Главната цел на проектот е да поттикне процес на соработка помеѓу општините, полицијата и граѓаните преку кој ќе се унапреди партиципативното донесување одлуки во полицијата, по пат на зајакнување на функционалноста на локалните совети за превенција (ЛСП).
Активностите ќе се состојат од длабински мониторинг и активности за застапување со повеќе засегнати страни. Проектот ќе придонесе кон понатамошно промовирање на концептот на полиција во заедницата во Северна Македонија, зајакнувајќи ја неговата функција како јавен сервис за граѓанитеА
