Центарот за европски стратегии – Евротинк започнува со реализација на проектот „Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата во Република Северна Македонија“, поддржан од National Endowment for Democracy (NED), со што ги продолжува своите напори во полето на подобрување на работата на полицијата.
Преку поддршка на процесот на соработка помеѓу полицијата, медиумите и локалните заедници, проектот има за цел да ги поттикне постојните и да развие нови добри практики и ефективни механизми за поголема отчетност на полицијата. Во рамки на проектот ќе се работи и на унапредување на транспарентноста на полициската работа во заедницата преку поттикнување иновативни комуникации со јавноста и подобра соработка со медиумите. Имплементацијата на проектот ќе се одвива до 2024 година.
Претстојните активностите во голема мера ќе се базираат врз увидите и заклучоците остварени во рамки на успешно реализираниот проект „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Северна Македонија“, кој беше активен во периодот 2021-2022 година.