Документ за јавни политики „Транспарентност во работата на полицијата во Република Северна Македонија“

Logo na Evrothink

Проектот „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Република Северна Македонија“ се реализира со цел да придонесе кон подобро полициско работење и зголемена доверба во полицијата на Република Северна Македонија. Оваа цел на проектот е замислена да
се оствари преку проценка на степенот на отчетност, транспарентност и нивото на инклузивно донесување одлуки во работата на полицијата на национално ниво. Понатаму, крајната цел на овој едногодишен потфат е поттикнување дијалог меѓу полицијата, медиумите и граѓанските организации на локално ниво, со надеж дека ќе даде придонес кон јавната дебата за поголема безбедност во македонското општество.

Според резултатите од истражувањето на јавното мислење, процентот на граѓани што смета дека е полицијата транспарентна во своето работење кореспондира со процентот на граѓани што изразиле доверба во полицијата како институција. Еден од пет испитаника имаат доверба во полицијата како институција, односно се со уверување дека е полицијата транспарентна во своето работење. Ова ја покажува корелацијата што постои меѓу перцепцијата за транспарентноста и довербата во оваа институција.
За време на дискусиите со граѓаните, целосно беа опфатени нивните мислења и ставови и, за разлика од интервјуата со полициските службеници, оваа разнолика група граѓани отворено дискутираше и ја анализираше работата на полицијата во своите локални заедници,
конкретно фокусирајќи се на транспарентноста, инклузивноста во донесувањето одлуки, концептот „полиција во заедницата“, отчетноста на полицијата и нејзината ефикасност во локалните заедници.

Целото истражување преземете го на линкот подолу.