Документ за јавни политики – Инклузивност во носење на одлуки во работата на полицијата во Република Северна Македонија

Logo na Evrothink

За да се засили владеењето на правото, од суштинско значење се реформите во полицијата, како приоритетна област за понатамошен развој. Полицијата како највидлив орган за одржување на јавната безбедност, подлежи на промени што вклучуваат воспоставување и
обновување на механизмите за меѓусебна соработка и комуникација со граѓаните, што претставуваат клучна алатка за засилување на довербата во полицијата, со што ќе се постигне одржлива ефективност во полициското работење. Концептот „полиција во заедницата“, односно „полиција блиска до граѓаните“, претставува филозофија на пристап во полициското работење и едукативна рамка, пред сè, за полициските службеници, во поглед на засилувањето на превентивното полициско работење. Со тоа ќе се овозможи меѓусебна соработка и комуникација меѓу полицијата и граѓаните.

Проектот „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Република Северна Македонија“ се реализира со цел да придонесе кон подобро полициско работење и зголемена доверба во полицијата на Република Северна Македонија. Оваа цел на проектот е замислена да се оствари преку проценка на степенот на отчетност, транспарентност и нивото на инклузивно донесување одлуки во работата на полицијата на национално ниво. Понатаму, крајната цел на овој едногодишен потфат е поттикнување дијалог меѓу полицијата, медиумите и граѓанските организации на локално ниво, со надеж дека ќе даде придонес кон јавната дебата за поголема безбедност во македонското општество.

Целата публикација преземете ја од линкот подолу.