LOADING

Type to search

Завршна конференција: „Некоординирани институции во борбата против нелегалната сеча на шумите“

Вертикално спротивставување на нелегална сеча во Северна Македонија ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Настани Ние & Јавност Работни програми

Завршна конференција: „Некоординирани институции во борбата против нелегалната сеча на шумите“

Share

                                                                 

Некоординирани институции во борбата против нелегалната сеча на шумите

Завршна конференција: „Истоштени шуми – мапирање на организиран криминал во форма на бесправна сеча“

На 23 февруари, 2022 г. Евротинк – Центар за европски стратегии ја оддржа завршната
конференција насловена „Истоштени шуми – мапирање на организиран криминал во
форма на нелегална сеча“. Оваа конференција претставува завршна активност во рамките
на проектот „Вертикално спротивставување на нелегална сеча во Северна
Македонија“ кој е во последната фаза од неговото спроведување.

На почетокот на дискусијата се обрати и г-дин Дејвид Морган, советник и заменик шеф на
мисија во Амбасадата на Канада за Република Србија, Република Северна Македонија и Црна Гора, кои го поддржаа овој проект.

На конференцијата беа презентирани клучните наоди од извештајот на истражувањето
„Истоштени шуми“ спроведено од страна на Евротинк, во кој ќе се одржаа две панел
дискусии.На првиот панел учествуваа претставници на најзасегнатите институции релевантни засправување со нелегалната сеча на шумите: Оливер Спасовски – министер за внатрешниработи; Саша Јовановиќ – раководител на Оддел за шумарство и ловство во Министерство заземјоделие, шумарство и водостопанство; Јулијана Николовска – директорка на ЈП„Национални Шуми“ и Марија Џибирова – обвинителка во Основно Јавно Обвинителство на Република Северна Македонија.

На вториот панел учествуваа претставници на граѓанското општество и активистички
иницијативи: Ангел Наков – борец за здрава животна средина од Гевгелија; Дарко Штаргоски– новинар од Прилеп; Костантин Канзуров – независен истражувач и Анела Ставревска –Панајотова – независна истражувачка.

Истражувањето опфаќа мапирање на организиран криминал во форма на бесправна сеча нашуми надоврзувајќи се на извештајот на Евротинк од 2020 г. и дава анализа на состојбите воградовите Гевгелија, Прилеп, Велес и Струмица. Како предмет на истражување земени сепредвид релевантните и надлежни институции што се занимаваат со заштита на шумите,
официјалните документи, меморандуми и записници од страна на државните институции иакадемските придонеси. Податоците се добиени врз основа на Законот за слободен пристапдо информации од јавен карактер.

Во однос на соработката со институциите, најслаба волја за соработка покажа Основното
Јавно Обвинителство од Прилеп од каде што беа добиени одговори дека не ги поседуваат
бараните информации и Државниот завод за статистика од каде што не беа добиени одговориво врска со испратените барања. Во однос на теренски активности, беа спроведени 15неструктирирани анонимни интервјуа со лица што на директен или индиректен начин билеинволвирани во оваа проблематика, во Струмица, Велес, Прилеп и Гевгелија.

Ова истражување покажа добра координираност на институциите со криминалците на
локално ниво, а недоволна соработка помеѓу самите институции за сузбивање на оваа појава.Оттука произлегоа и низа на препораки насочени кон подобрување на работата на: ЈП „Национални Шуми“, Координативно тело за спречување на криминал со нелегална сеча, шумска полиција, Министерство за внатрешни работи, Основно Јавно Обвинителство и основни судови, Министерство за труд и социјална политика, локална самоуправа, граѓански организации како и други релевантни чинители.

Овој извештај е производ на проектот „Вертикално спротивставување на нелегална сеча во
Северна Македонија“, поддржан од страна на Амбасадата на Канада преку Канадскиот фонд
за локални иницијативи. Мислењата и ставовите изразени во овој извештај се одговорност
на организаторот на проектот и не секогаш ги одразуваат мислењата на донаторот

 

Tags:

Leave a Comment