LOADING

Type to search

Истоштени шуми – мапирање на криминал во форма на бесправна сеча

Вертикално спротивставување на нелегална сеча во Северна Македонија ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Публикации Работни програми Спротивставување на корупцијата во областа на животната средина: детектирај, анализирај и поттикни

Истоштени шуми – мапирање на криминал во форма на бесправна сеча

Share

Истражувањето од 2020 година со наслов: „Пустошење на нашата иднина: форми/модели на организиран криминал во бесправната сеча во Република Северна Македонија“, објавено од страна на Евротинк, укажа на итноста и на значајноста од преземање мерки против појавата на бесправна, инаку позната и како нелегална сеча. Во теоријата, интегрирана како дел од корпусот што го дефинира еколошкиот криминал, во поширокото дефинирање овој поим претставува „чин што е извршен со намера да се нанесе штета или потенцијално да се
оштети животната средина и/или биолошкиот све т, со цел на тој начин да се прибави противправна имотна или лична корист“1.Овој вид криминал ги надминува националните граници и станува меѓународен проблем, земајќи ги предвид организациските структури на групите што се занимаваат со нелегалната сеча, кои се транснационални. Сериозноста и размерот на проблемот со сечата на шуми беше крената на меѓународен план. Имено, оваа година на Конференцијата за климатски промени во Глазгов, Шкотска беше нотирана опасноста од дефорестација. Над 100 држави во светот ја поддржаа иницијативата за сузбивање на оваа појава на глобално, но и на национално ниво, а една од тие држави е и нашата земја.

Tags:

Leave a Comment