LOADING

Type to search

„Справување со заканите против шумите: Институционални капацитети“

Вертикално спротивставување на нелегална сеча во Северна Македонија ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Настани Ние & Јавност Работни програми

„Справување со заканите против шумите: Институционални капацитети“

Share

На 7 октомври, 2021г. Центарот за Европски Стратегии- Евротинк – Скопје ја организираше јавната дискусија насловена “Справување со заканите против шумите: Институционални капацитети“. Оваа дискусија беше почетен настан во рамките на проектот „Вертикално спротивставување на нелегална сеча во Северна Македонија“ кој се спроведува од јули 2021г. Проектот е финансиски поддржан од страна на Канадскиот фонд за локални иницијативи преку Амбасадата на Канада од Белград и претставува логичко надоврзување на претходно спроведениот проект кој ја третираше оваа проблематика.

На дискусијата се обрати и Н.Е. Амбасадорот г-дин Жил Норман, кој беше на работна посета во Скопје. Амбасадорот Норман ја истакна важноста на локалните иницијативи и одржливи проекти, како приоритет во справувањето со климатските промени со што директно се придонесува кон зачувувањето на еко системот во земјата.Настанот се одржа во хибриден формат – со физичко присуство во „Јавна соба” во Скопје и онлајн преку платформата Zoom од 15-17ч.

Tags:

Leave a Comment