LOADING

Type to search

Јавна дискусија: „Справување со нелиберални и евроскептични наративи, оддолу“

ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Настани Ние & Јавност Работни програми Справување со нелибералните и евроскептичните наративи оддолу Справување со нелибералните и евроскептичните наративи оддолу

Јавна дискусија: „Справување со нелиберални и евроскептични наративи, оддолу“

Share

На 28 септември, 2021, Евротинк -Центар за Европски Стратегии ја организираше првата хибридна дискусија како дел од меѓународниот проект: „Справување со нелиберални-евроскептични наративи, оддолу“, ко-финансиран од програмата: Европа за граѓаните на Европската Унија. Проектот се имплементира во соработка со неколку партнерски организации: Скуола Нормале Супериоре Фиренца/ Пиза, Италија; Универзитет во Љубљана, Словенија и Јан Новак Јежорански Колеџ на Источна Европа од Војновице, Полска. Настанот се одржа на Правен факултет при  Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. 

Целта на овој проeкт е да се истражат нелибералните наративи и евроскептицизмот во четири земји во Европа: Република Северна Македонија, Словeнија, Италија и Полска. Неколку претставници од партнерските организации ги претставија своите истражувачки наоди од именуваните земји: Димитар Николовски – Евротинк– Центар за  Европски Стратегии, Мануела Кајани – Скуола Нормале Супериоре од Фиренца и Писа, Италија, Марко Ловец и Фарис Кочан од Универзитетот во Љубљана, Словенија и Адам Балцер од Јан Новак Јежорански Колеџ на Источна Европа од Полска. 

На дискусијата присуствуваа 40тина учесници, со физичко присуство и онлајн, меѓу кои: студенти,  заинтересирани граѓани, претставници на академската заедница и граѓанскиот сектор. Вакви дискусии ќе се одржат и во останатите партнерски земји во следниот период, а завршната конференција ќе се одржи во Скопје во јуни, 2022 година. 

Tags:

Leave a Comment