Кристина Ангелевска – проектна асистентка/односи со јавност

Кристина Ангелевска е проектна асистентка за истражување и комуникации во Евротинк од јули, 2021 година. Неодамна беше дел од програма за млади лидери во областа на надворешна политика и безбедност во Женевскиот Центар за безбедносни политики и е учесничка на обуката за мир и безбедност на ОБСЕ и Организација на Обединети Нации – сектор за разоружување и контрола на оружје. Кристина работела како проектна асистентка  во Македонско-Американска Алумни Асоцијација (МААА) и во нејзиното работно портфолио се вбројуваат професионални искуства во различни домени меѓу кои и професионална надградба во САД на Универзитетот George Mason, катедра за жени и родови студии. Кристина има добро разбирање за регионот на Западен Балкан и нејзините истражувачки интереси се во полето на родова инклузија во градење на мир, пост-конфликтна рехабилитација, контрола на оружје и разорожување. 

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn