Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Северна Македонија

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

Центарот за Европски Стратегии –Евротинк започна со реализација на проект со Министерството за Внатрешни Работи (МВР) на Република Северна МакедонијаКон транспаретна, отчетна и инклузивна полиција финансиски поддржан од Националниот Фонд за Демократија на Соединетите Американски Држави (САД). За таа цел, Евротинк и Министерството за Внатрешни Работи (МВР), потпишаа Меморандум за соработка. Оваа проектна иницијатива ќе придонесе кон демократско одржување на јавен ред, зголемување на довербата во полицијата со што ќе се зацврсти транспарентноста, отчетноста и взаемното донесување на одлуки во работата на полицијата на национално и локално ниво. Проектните активности ќе поттикнат заеднички дијалог помеѓу полицијата, медиумите и невладиниот сектор на локално ниво и ќе придонесат кон јавни дебати за безбедноста во земјава.

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа