РЕЗИМЕ ЗА ШКОЛАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПОЛИТИКИ ОРГАНИЗИРАНА ОД ЕВРОТИНК – ЦЕНТАР ЗА ЕВРОПСКИ СТРАТЕГИИ

Naslovna1

Во периодот од 03 до 16 февруари, 2021 година ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии организираше Школа за европска политика. Школата содржеше три циклуси со 9 презентации. Предавачи беа еминентни професори и експерти од Република Северна Македонија и од земји од југоисточна Европа, сите со искуство во евроинтеграцискиот процес од земјите од регионот и од регионални и меѓународни организации. Школата ја следеа 30 слушатели кои доаѓаа од невладини организации кои работат на теми од поглавјето 24, претставници од граничната полиција и од други државни институции чија надлежност е поврзана со поглавјето 24.

Концептот на Школата за европска политика беше фокусиран на поглавјето 24, Правда, слобода и безбедност. Целта на Школата беше предавачите да ги елаборираат темите и да се отвори дискусија со слушателите со намера да се разбере поглавјето 24 во однос на другите поглавја во процесот на eвроинтеграција.

Целосниот документ е достапен за превземање тука.

Scroll to Top