ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, во рамки на „Програмата за реформи во разузнавачкиот сектор во Северна Македонија (2017-2020)“ реализираше уште едно издание на едукативно-дебатната сесија #EUROTALK, на кое како гостин говорник ни беше чест да го имаме г-н Виктор Димовски – Директор на Агенцијата за национална безбедност.

Во деведестина минути, претставниците на граѓанските организации активни во областа на безбедноста и разузнавањето, имаа можност да дискутираат со г-д. Димовски околу резултатите од реформскиот процес на безбедносните структури и плановите за понатмошна професионализација, механизмите за надзор и контрола над Агенцијата како и придобивките во безбедносниот аспект за Северна Македонија од членството во НАТО.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top