Брифинг за медиумите – Реосмислување на демократскиот надзор над безбедносните и разузнавачките служби

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

Денес, во очи на утрешната конференција со претставници на разузнавачките и безбедносни служби во С. Македонија, на новинарите им овозможивме “insight” во нашиот документ за јавни политики насловен „Реосмислување на демократскиот надзор над безбедносните и разузнавачките служби“.

Зборувавме за потребата за реобмислување на демократскиот надзор, како и за иницијалната каписла за промена на законските рамки, за парламентарните комисии со мандат за вршење надзор врз разузнавачките служби, како и за нивните ингеренции. Го ставивме под лупа легитимитетот на собранискиот надзор, ефикасноста и (хипер) регулацијата која на моменти го лимитира надзорот.

Повеќе околу наодите, податоците и пропраките можете да најдете во документот „Реосмислување на демократскиот надзор над безбедносните и разузнавачките служби“ кој е достапен за преземање тука.

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа

Scroll to Top