ПРАВДА, СЛОБОДА, БЕЗБЕДНОСТ Водич низ политиките, институциите и законодавството на Европската Унија
Share
Политиките на ЕУ имаат цел да ја развиваат Унијата како подрачје на
слобода, безбедност и правда за да се обезбеди слободно движење и
висок степен на заштита на граѓаните. Европските граѓани треба да се чув-
ствуваат сигурни дека, без разлика каде се движат, нивната слобода и без-
бедност е заштитена во согласност со вредностите на Унијата, какви што се
владеењето на правото и темелните права.
За разлика од поголемиот дел од другите поглавја, Поглавјето 24 не подраз-
бира една заедничка политика на правда, слобода и безбедност. Со оглед
на обемноста и сеопфатноста, постојат одделни заеднички политики што
се составен дел на ова подрачје, но дел од политиките сè уште се во фаза
на развој.
Овој документ има намера да ги води чинителите на Северна Македонија,
односно претставниците на институциите, граѓанските организации, меди-
умите и други засегнати страни, низ комплексната правна и институцио-
нална структура на областите во рамките на Поглавјето 24.
Водичот може да го превземете тука.