Справување со нелиберални-евроскептични наративи оддолу

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е image.png

Скопје, 5ти март, 2021

ЕВРОТИНК – Центарот за европски стратегии со задоволство го објавува почетокот на новиот проект „Справување со нелиберални-евроскептични наративи оддолу“ кој ќе биде имплементиран во периодот март 2021- август 2022 заедно со проектните партнери: Факултетот за политички и општествени науки на Универзитетот Скуола Нормале Супериоре од Фиренца (Италија), Факултетот за општествени науки на Универзитетот на Љубљана (Словенија) и Јан Новак – Колеџот на Источна Европа од Војновице (Полска).

Овој проект цели кон справување со нелибералните и евроскептичните наративи оддолу, во четири земји во Европа: С. Македонија, Италија, Полска и Словенија. Додека поддршката за приклучување на С. Македонија кон ЕУ е традиционално висока (околу 70%), последните неколку години сведочиме на зајакнување на десничарскиот-националистички дискурс и физички изблик, вклучувајќи го упадот во Собранието во април 2017, Од друга страна пак, другите три земји членки се соочуваат со многу повисок број на евроскептични и нелиберални гласови за чие неутрализирање се неопходни контранаративи кои се проевропски.

Истражувачката компонента на проектот ќе ги ангажира четирите партнери во десктоп истражување за мапирање на клучните “жешки точки“ на десничарски екстремизам во нивните земји. Врз основа на резултатите, четирите партнери ќе се фокусираат на најмногу пет заедници во земјата, каде ќе бидат спроведени фокус групи и длабински интервјуа, сѐ со цел подобрување на разбирањето на најсовремената состојба во однос на нелибералните и евроскептичните сентименти и активности во земјите. На самиот крај на проектот ќе бидат издадени пет документи за јавни политики во кои ќе бидат содржани наоди и препораки, како би биле достапни за советување на многубројни засегнати страни, а примарно на граѓанските организации за ефикасно справување со ваквите наративи.

Активната компонента на проектот цели кој обезбедување простор во јавниот дискурс за дебата на оваа тема. Врз основа на истражувачките резултати, проектните партнери ќе организираат по две дебати во земјите членки на ЕУ и три дебати во С. Македонија, со цел дисеминација на резултатите од истражувањето и ангажирање на различни засегнати страни во споделување на знаења и искуства во справување со нелиберални и евроскептични наративи.

Главниот продукт кон кој се стреми овој проект е креирање на средина за заедничко споделување на искуство преку воспоставување на една меѓународна и повеќе национални мрежи за справување со нелибералните и евроскептични наративи.

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа

Scroll to Top