#EUROTALK – Средба на граѓанските организации со Заменик директорот на Агенција за разузнавање

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest

На 18 февруари 2021 год. ЕВРОТИНК – Центарот за европски стратегии одржа уште една од едукативно-дебатните сесии #EUROTALK за време на кој имаше чест како гостин-говорник да ја претстави г-ѓа Александра Бакревска Додовска, Заменик-директор на Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија.  

На настанот на кој присуствуваа десетина претставници од граѓанските организации кои работат на прашања поврзани со безбедноста, се отворија прашања поврзани со реформскиот процес на безедносно-разузнавачките служби. Присутните имаа можност да ги разменат своите ставови и очекувања кои произлегуваат од усвојувањето на новиот Закон за Агенцијата за разунавање. Дел од темите опфатени на дискусијата беа механизмите за надзор и контрола на работата на Агенцијата, како и безбедносните придобивки на земјата од членството во НАТО.  

Настанот се организираше со поддршка на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор DCAF како дел од активностите за поддршка на граѓанскиот сектор во рамките на „Програмата за реформи во разузнавачкиот сектор во Северна Македонија (2017-2020).“ 

Визијата на ЕвроТинк

Визијата на ЕвроТинк е Република Северна Македонија да биде развиено, демократско и либерално општество, кое се темели врз начелата на правда, еднаквост, слобода и благосостојба. Процесот на пристапување на Републиката кон ЕУ го гледаме како најдобриот инструмент за остварување на оваа визија.

Поврзани содржини

Ние на Facebook

Некои од нашите видеа