Пустошење на нашата иднина: форми/модели на организиран криминал во бесправната сеча во Република Северна Македонија
Share


Со задоволство ве информираме дека ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии денес го објави истражувањето „Пустошење на нашата иднина: форми/модели на организиран криминал во бесправната сеча во Република Северна Македонија“.
Од 2001 година па наваму, државата е на удар на „шумската мафија“ чија криминална активност е проценета на приближно 60 милиони евра на годишно ниво. Но, и покрај ваквата состојба, и законската рамка која бесправното сечење на дрвата го класифициракако кривично дело, бројот на покренати постапки против познати и непознати сторители е поразително низок. Дополнително, загрижувачки е трендот на преполовување на бројот на постапки од година во година, кој е утврден преку добиени податоци доставени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јавното претпријатие Национални Шуми, МВР; како и надлежните основни јавни обвинителства во државата
Истражувањето детектира два клучни фактори кои се двигатели на бесправната сеча: сиромаштија и лошото стопанисување. Имено, најзагрозените граѓани се во дополнителен ризик од судир со законот и запленување на дрвата купени од дрвокрадците, за релативно пониска цена. Од друга страна, пак, предизвикот со стопанисувањето со шумите е резултат на повеќе фактори како недостиг на човечки ресурси и соодветна опрема на шумочуварите, преклопување на институционалните ингеренции и несоодветен надзор.
Извештајот се потпира на истражување на постоечка литература, анализа на законската рамка, обработка на податоци добиени преку слободен пристап до информации од јавен карактер од надлежните институции и 29 полуструктурирани интервјуа со повеќе категории на испитаници. Истражувањето е подготвено со поддршка на Фондот за отпорност на Глобоалната иницијатива за борба против транснационален организиран криминал.
Извештајот е достапен на линковите подолу на:
и;