LOADING

Type to search

Компаративна анализа 2014-2018

Публикации Работни програми

Компаративна анализа 2014-2018

Share

Компаративна анализа 2014-2018

Деветта година по ред Фондацијата отворено општество- Македонија (ФООМ) и ЕВРОТИНК – Центарот за европски стратегии подготвуваат компаративна анализа на извештаите на Европската комисија (ЕК) за Република Македонија односно на забелешките и проблемите нотирани од Европската комисија за периодот 2014-2018 година. Целта на оваа анализа е што појасно да се прикаже брзината со која Република Македонија се приближува – или се оддалечува – од Европската унија. За таа цел се користи веќе утврдена методологија според која се разгледуваат исклучиво проблемите (а не постигнувањата) и истите се систематизираат со три бои и тоа: 

1) Со стандардна боја и фонт се обележани новите забелешки од
годинашниот извештај; 

2) Со стандардна боја и подвлечено се обележани наодите кои се повторуваат барем во еден од претходните извештаи; и 

3) со стандардна боја и задебелено се обележани проблемите кои се повторуваат во минатите две и/или повеќе години. 

На пример, во делот на Демократија во Политичкиот критериум, за првпат се споменува дека: „Промената на власта беше одложена поради одбивањето на претседателот Иванов да му даде мандат да формира влада на лидерот на СДСМ, кој имаше поддршка од мнозинството во Парламентот, поради политички и правни прашања. Ова го одложи изборот на новиот претседател на Собранието се до 27 април 2017 година. Неговиот избор предизвика насилни напади во Парламентот, кои беа силно осудени од страна на меѓународната заедница.“ и затоа оваа забелешка ја обележавме со стандардна боја и фонт. Од друга страна, во делот Владеење, коментарот „Децентрализацијата останува клучен елемент за имплементација на Охридскиот рамковен договор (ОРД).“ е показател дека истиот проблем бил нотиран и лани и поради тоа е обележан со стандардна боја и подвлечено. И конечно, со стандардна боја и задебелување на фонтот е обележан коментарот „Бројот на закони донесени по скратена постапка се намали, но останува висок.“ бидејќи се провлекува во најмалку три извештаи

Tags: